Линкови за пристапност

Фотографии од Шарената револуција во Вашингтон


Фотографии од Шарената револуција во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00

Организаторката на изложбата Анета Георгиевска-Шајн вели дека пораката е граѓаните да излезат на гласање

Пораката на Шарената револуција, која летово се случи во Македонија, деновиве се пренесува и преку дваесет и една фотографија, изложени во Музејот на Американскиот универзитет во Вашингтон.

Анета Георгиевска-Шајн, професор по историја на уметност на Универзитетот во Мериленд, вели дека оваа изложба е придонес за грѓанското движење, кое успеало да обедини луѓе од различни економски, социјални и демографски групи.

„Посебно ме радува и што се појави како реакција на една, по мое мислење, нелегална аболоција на претседателот Ѓорге Иванов“, вели Шајн.

Под овие фотографии стојат имињата на тројца македонски фотографи-Кире Галевски, Роберт Атанасовски и Ванчо Џамбаски.

Шајн вели дека посетителите веќе имаат омилени фотографии од секој од нив.

„Фотографијата од Џамбаски, каде еден млад човек се обидува да фрли бомба со боја, фасцинира доста луѓе. Друга фотографија е на Атанасовски, каде тројца протестанти стојат пред Министерството за правда, а многу леѓе ги сакаат фотографиите на Галевски, особено онаа на која пишува слобода, објаснува Шајн.

Имала две причини за да ја организира изложбата. Првата е да се информира американската јаност за уникатноста на револуцијата.

„Уште поважно ми е оваа изложба да ги поттикне луѓето во Македонија да гласат на претстојните избори. Да не ја заборават Шарената револуција“, порача Шајн.

Џек Расмусен, директор и кусос во Музејот на Американскиот универзитет во Вашингтон вели дека изложбата е повеќе од уметност.

„Изложбата прикажува видливи докази за нешто што треба да се смени. Таа е вкрстување на уметност и на политички протест, за нешто што треба да се промени. Јас така ја доживувам“, изјави тој.

Информативните материјали за изложбата го направил Зоран Кардула, учесник во Шарената револуција, а Шајн најави можност и за изложување на фотографиите во Бостон.

XS
SM
MD
LG