Линкови за пристапност

Шарената револуција во сабота го завршува „одбројувањето“


Шарена револуција
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Шарена револуција

Ако не се исполнат барањата, демонстрантите најавуваат ескалирање на протестите по 18-ти јуни

„На оваа корумпирана и криминална власт и дадовме и повеќе од доволно време, да реагира и да ги слушне нашите барања. Тие се глуви пред своите граѓани. Единственото нешто на што тие мислат, е како побрзо да избегаат од правдата“, се вели во повикот на Шарената револуција до граѓаните на Македонија.

Во повикот стои дека „Специјалното јавно обвинителство е првата светлост во оваа правна темнина во која живееме, а власта го кочеше уште пред да биде формирано. По денешната одлука на Уставниот суд, да не го стави СЈО на дневен ред ниту за следната своја седница, очигледно е дека Груевски и неговите соработници се обидуваат да го укинат СЈО кога најмалку ќе очекуваме“.

Откако констатирале дека нивните ултимативни барања не биле исполнети, учесниците во Шарената револуција предупредуваат дека „тврдината на правдата, која граѓаните силно ја поддржуваат изминативе два месеца, сега е под сериозна закана“.

Тие порачуваат дека иако „прогонот врз демонстрантите продолжува“, ќе се борат за правдата.

Откако претседателот Ѓорѓе Иванов на 12-ти април прогласи аболиција на 56 лица, кои беа под истрага на Специјалното јавно обвинителство, меѓу кои и политичарите од актуелната власт Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски, илјадници незадоволни граѓани, 56 денови излегуваа на секојдневни масовни протести низ улиците на престолнината, како и низ неколку други градови. Демонстрациите прераснаа во Шарената револуција – секојдневно, ненасилно изразување на граѓанското незадоволство, со боење на спомениците од проектот „Скопје 2014“, и на објектите во барокнен стил на државните институции, пред се` Владата.

Од шести јуни, демонстрациите продолжија со одбројување до датумот, определен во ултиматумот за властите -18 јуни, преку испипшување со боја на улиците, на бројот на деновите кои преостануваат.

XS
SM
MD
LG