Линкови за пристапност

Прво јавно појавување на Клинтон по изборите


Таа беше пречекана со овации на настан организиран од Фондот за заштита на деца во Вашингтон

Хилари Клинтон имаше прво јавно појавување во Вашингтон, една недела по завршување на изборите.

Таа беше пречекана со овации на настан организиран од Фондот за заштита на деца.

Клинтон призна дека имала тешко време по победата на нејзиниот противкандидат Доналд Трамп, но ги охрабри сите да го надминат разочарувањето од изборниот резултат и да продолжат да работат и понатаму.

„Признавам, доаѓањето овде не беше најлесното нешто за мене. Неколку пати изминатава недела, единствено што сакав да правам е да уживам со добра книга или со нашите миленици, и никогаш да не ја напуштам куќата“, рече Клинтон.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG