Линкови за пристапност

Клинтон повторно ја презеде одговорноста за нападот во Бенгази


Американската државна секретарка одговараше на екстензивно испрашување од сенаторите за пропустите на Стејт департментот и за преземеното од тогаш.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон уште еднаш ја презеде одговорноста за минатогодишниот напад од 11 септември на американското дипломатско претставништво во Бенгази, Либија, во кој умреа амбасадорот на САД и тројца други Американци.

За време на сведочењето пред сенатската Комисија за надворешни работи, Клинтон кажа дека ги прифаќа препораките од Бордот за ревизија на одговорноста кој правеше истрага за нападот. Таа кажа дека тие имаат намера да ја подобрат безбедноста на дипломатите и да ги намалат шансите да се случи друг Бенгази.

Таа рече дека Стејт департментот се бори против ширењето на терористичката закана. Таа исто така рече дека „Арапските револуции ја измешале динамиката на моќ и ги изместила безбедносните сили низ регионот“.

Подоцна во денот таа ќе сведочи пред Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом.
XS
SM
MD
LG