Линкови за пристапност

Клинтон: САД се оптимисти за иднината на Хрватска


Од Загреб американската државна секретарка заминa за Тирана, за прослава на 100 години независност на Албанија.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон на хрватските лидери во среда им кажа дека нивната држава има голем потенцијал и дека САД се оптимисти за иднината во Европската унија.

Хрватска треба да се приклучи на 27-члениот блок во јули следната година. Таа веќе е членка на НАТО.

Клинтон е во посета на хрватскиот главен град, Загреб, како дел од нејзината турнеја по западен Балкан. За време на средбата со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и премиерот Зоран Милановиќ, таа дискутираше за билатералните односи, глобалната економска ситуација и улогата на Хрватска во регионот. Таа кажа дека американските компании се заинтересирани за инвестирање во Хрватска.

Државната секретарка на САД пристигна во Загреб од Приштина каде ја повтори поддршката на Вашингтон за независно Косово.

Од Загреб Клинтон замина за албанскиот главен град, Тирана, за прославата на 100-годишнината од албанската независност.
XS
SM
MD
LG