Линкови за пристапност

Клинтон и Трамп со шеги на своја сметка


Претседателските кандидати на уште еден дуел, овојпат со говори на 71-та  традиционална хуманитарна вечера Алфред Смит во Њујорк.

Настанот беше своевидна политичка комедија и Хилари Клинтон и Доналд Трамп обајцата беа отворени за меѓусебни и за шеги на своја сметка.

Во една од нив, Трамп кажа дека медиумите годинава се попристрасни од кога и да е порано, „доказ за тоа е, кога Мишел Обама има говори, сите ги сакаат. Кога мојата сопруга ќе има исто такво обраќање, луѓето неговдуваат.“ Шегата се однесуваше на говорот на Меланија Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во јули, кој беше критикуван дека е плагијат на оној на Мишел Обама, за време на Демократската конвенција.

Клинтон на смеа коментираше за недостатокот на поддршка за Трамп од страна на членовите на Републиканската партија. „Секоја година на оваа вечера доаѓаат влијателни републиканци, или како што сега ги викаме, поддржувачи на Хилари“, рече таа.

По говорите, Клинтон и Трамп се ракуваа, нешто што не се случи по претседателската дебата претходната вечер.

XS
SM
MD
LG