Линкови за пристапност

Кампања: Демократите на југ, републиканците на север


Американскиот претседател Барак Обама на кампања во Флорида за демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон, посета која има за цел да го потенцира „високиот влог кој го имаат ноемвриските избори за семејствата во Флорида.“

Од кампањата на Клинтон велат дека настанот ќе биде со акцент на градењето на економија „која им служи на сите, не само на најбогатите.“

На Флорида се гледа како на „клучна држава“ каде исходот е` неизвесен, гласачите можат да ја изберат Хилари Клинтон или нејзиниот опонент, Доналд Трамп. Државата има 29 електорални гласови, правејќи ја важен играч во финалниот избор за претседател.

Анкета спроведена од Блумберг, и објавена во средата го става Трамп со два проценти водство пред Хилари Клинтон, во трката во која учествуваат и кандидатот на Партијата на зелените Џил Стејн и либертаријанецот, Гери Џонсон.

Во 2012-та Обама во Флорида победи за помалку од еден процент.

Во меѓувреме, Трамп води кампања во северо-источните делови на САД, во Њу Хемпшир и Мејн.

XS
SM
MD
LG