Линкови за пристапност

Државната секретарка викендов се онесвестила како резултат на дехидрираност.

Стејт департментот соопшти дека државната секретарка Хилари Клинтон се опоравува во домашни услови, откако викендов ја загубила свеста и паднала.

Официјални лица изјавија дека Клинтон претходно имала стомачен вирус, била дехидрирана и како резултат на тоа се онесвестила.

Владин портпарол додаде дека со препорака од лекар, државната секретарка во текот на неделата работните обврски ќе продолжи да ги координира од дома, останувајќи во постојан контакт со Стејт департментот и други официјални лица.

Заради повредата од падот, Клинтон нема да учествува на распитот во Конгресот околу неодамнешниот напад во Бенгази, Либија, закажан за четврток.

Таа ги откажа и планираните посети на Блискиот Исток и Северна Африка.
XS
SM
MD
LG