Линкови за пристапност

Здравјето на Клинтон стана кампањско прашање


Лекарите и` препорачале одмор по дијагнозата за пневмонија, по што таа прескокна некои настани во Калифорнија

Демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон нема да ја продолжи кампањата во Калифорнија, откако била дијагностицирана со пневмонија.

Од кампањата на Клинтон изјавија дека лекарите го провериле нејзиното здравје во петокот поради продолжена кашлица, и оти утврдиле пневмонија.

Препишани и` биле антибиотици и одмор, по што таа го адаптирала нејзиниот распоред за јавни настапи.

Дијагнозата не беше јавно откриена до неделата, на церемонијата за 11-ти септември во Њујорк, кога на видео се гледа како таа пред време го напушта настанот, тетеравејќи се пред да се качи во возилото.

Трамп изјави дека и` посакува брзо враќање на кампањата, кој веднаш најави дека и самиот бил прегледан и дека неговата здравствена состојба ќе и` биде достапна на јавноста веднаш штом резултатите бидат познати.

XS
SM
MD
LG