Линкови за пристапност

Трамп реагира на изјавата на Клинтон за виновникот за изборниот пораз


Хилари Клинтон меѓу другите за неуспехот во трката за Белата куќа, го обвини и директорот на ФБИ

Претседателот Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата на поранешната претседателска кандидатка Хилари Клинтон, дека директорот на ФБИ Џејмс Коми, бил делумно одговорен заради тоа што загубила на минатогодишните избори.

Трамп преку Твитер кажа дека Коми всушност и` помогнал на Клинтон, со тоа што и „прогледал низ прсти“ за наводното погрешно работење и дека нејзините тврдења за наводното мешање на Русија во изборите, биле уште еден слаб изговор за неуспешната трка за Белата куќа.

Во вторникот, Клинтон за поразот на изборите обвини неколку страни, вклучувајќи го Коми и веб-страницата Викиликс, којашто објави електронски пораки добиени по хакерскиот напад врз имеил серверот на директорот на нејзината кампања, Џон Подеста.

Таа рече дека тие настани покренале сомнеж кај луѓето коишто биле склони да гласаат за неа, но се исплашиле.

Клинтон додаде дека се` поприсутната појава на женомрзие во американскиот електорат, исто така придонела за поразот.

Воедно, поранешната сенаторка и претседателска кандидатка, кажа дека сноси и „лична одговорност“ за неуспехот, признавајќи дека не водела „совршена кампања“.

Во меѓувреме, група истакнати стратези од редовите на Демократската партија, неделава објавија анализа во која сугерираат дека главната причина за поразот на Клинтон, бил нејзиниот неуспех да ја добие поддршката на голем број симпатизери на претседателот Барак Обама од 2012-та година, кои во 2016-та гласале за Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG