Линкови за пристапност

Обама го врти фокусот на климатските промени


Американскиот претседател Барак Обама наскоро ќе објави серија предлози чија цел е да го исполни ветувањето oд вториот мандат за контрола на растечката закана од климатските промени.

Хедер Зикал, главниот советник на претседателот за енергија и климатски промени на форум во Вашингтон во среда кажа дека Обама планира серија на извршни наредби за забрзување на развојот на чиста енергија и да ја засили ефективноста на енергијата во уреди и згради.

Зикал исто така кажа дека Агенцијата за заштита на животната средина ќе ја искористи својата моќ според федералниот Закон за чист воздух да ја регулира емисијата на јаглерод од постоечките централи што работат на јаглен. Агенцијата предложи регулатива за новите централи.
XS
SM
MD
LG