Линкови за пристапност

Исхраната и климатските промени


Некои научници советуваат диетален приод кон климатските промени: јадење помалку месо за намалување на температурите.

Истражувачите на британскиот универзитет Ексетер вели дека брзото растење на популацијата и растечката побарувачка на месо е лоша комбинација кога се работи за климатските промени. Тие велат дека промените во начинот на живеење, рециклирање на растителен материјал и фрлање помалку хранаможе да помогне да се спречи, како што велат тие, еколошка катастрофа

Професорот Тим Лентон е ко-автор на истражувањето:

„Со растечката човечка популација што речиси сигурно ќе биде околу 9,5 милијарди кон средина на овој век, и со трендови за јадење повеќе месо во просек, тогаш вистинската опасност е буквално да нема веќе земјиште за производство на храна и посебно природни екосистеми“.


Лентон вели дека предизвикот е да се продолжи со подобрување на ефикасноста на користење на земјиштето:

„Ако не направиме никакви технолошки подобрувања во ефикасноста на фармерството и производството на храна, и особено во производството на месо, пресметавме дека количината на земјиштето што ќе ни треба да одговориме на побарувачката за храна во 2050 би било околу девет милијарди хектари или близу 90 проценти на продуктивно земјиште на планетава и речиси двојно од она што го користиме за пасишта денеска“.

Поголемата побарувачка на месо не доаѓа само од западните нации, туку и од економиите во подем, како Кина и Индија.

„Трендот што оди во насока на западните држави е веројатно разбирлив за оние меѓу нас кои уживаат во исхрана со месо. Тоа става дополнителен притисок на планетата и на површината на земјиштето. Но добра страна од тоа е што зголемената побарувачка за месо кај економиите во подем главно се задоволува со најефикасните форми на месо, како свинско и пилешко, а не телешко“, вели Лентон.

Сепак, ефикасни форми на производство на месо може да значи производствени фарми каде животните се одгледуваат на тесен простор. Критиката вели дека условите таму се нехумани и сурови, што го прави и најголемиот аргумент за вегетаријанство.

Според истражувањето телешкото е најнеефикасен извор на месо. Лентон вели дека еден начин за справување со штетните гасови во атмосферата е поефикасно да се произведува месо, но друг начин е – едноставно да се јаде помалку месо. Но тоа е помалку веројатно дека ќе се случи, зашто трендот оди во другата насока.

Студијата предлага рециклирање на растителен отпад што би помогнало да се врати рамнотежата на глобалниот циклус на јаглеродот. Тоа вклучува и „заробување“ на јаглеродот во земјата, односно негово неиспуштање во атмосферата.

Најдобар начин за тоа е ако се претвори во јаглен и во таа форма да се врати во почвата на фармата, со што ќе се подобри и квалитетот на земјиштето.

Истражувањето е објавено во Журналот за енергија и наука за животната средина.
XS
SM
MD
LG