Линкови за пристапност

Од 30 ноември до 11 декември во Париз ќе се разговара за начините за спречување на порастот на глобалните температури

Повеќе од 150 светски лидери се собраа во Париз на самитот на Обеденетите нации чија цел е договарање на обврзувачки мерки за климатските промени и задржување на глобалните температури од покачување до ниво кое може да има катстрофални последици.

Пред формалното отварање на самитот, претседателот Обама се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Обама рече дека Кина и САД доаѓаат на самитот со „заедничка визија“ , да се постигне договор и спроведат значителни мерки за ограничување на загадувањето од штетните гасови.

Целта на самитот е да се ограничи просечното глобално затоплување на 2 степени целзиусови, или помалку, споредено со нивото од пред-индустриската револуција, преку намалување на загадувањето од фосилното гориво кое се смета за виновник за климатската промена.

До крајот на оваа година, метеоролошката агенција на Обединетите нации, вели дека просечната температура на глобално ниво ќе биде покачена за еден степен целзиусов, што е половина од ограничувањето што Обединетите нации сакаат да го наложат.

Секретарот на Обединетите нации Бан Ки Мун го отвори самитот со обраќање до 150-те лидери да се заложат да ја искористат оваа прилика како можност да се стори нешто.

Францускиот претседател Франсоа Оланд предупреди дека постигнувањето договор во Париз има пречки, вклучувајќи го легалниот статус на било каков договор, финансирање за посиромашните земји и контролирање на земјите кои ветија ограничување на испуштање на гасот. До сега оваа година, 183 земји имаат поднесено долгорочен план за справување со климатските промени, но се очекуваат тешки преговори на самитот.

Обидот во Копенхаген во 2009-та година за изработување глобален договор беше неуспешен поради несогласувањето меѓу богатите и сиромашните земји.

XS
SM
MD
LG