Линкови за пристапност

Државите не успеаја да дојдат до договор на разговорите за климата


Државите не успеаја да дојдат до договор на разговорите за климата
Државите не успеаја да дојдат до договор на разговорите за климата

Државите од цел свет расправаат за тоа кој треба да вети поголемо намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата и не можат да се договорат за нов договор откако на Протоколот од Кјото ќе му истече важењето во 2012-та.

Зборувајќи во понеделникот на почетокот на двонеделната сесија за климата во Германија, водечкиот претставник за клима на ОН, Кристина Фигуерес, кажа дека е малку веројатно дека нов договор ќе биде постигнат на време да го замени Кјото.

Тоа потенцијално ќе го остави светот без законски обврзувачки текст за намалување на емитувањето на штетни гасови. Но, Фигуерес вели дека заинтерелсираните држави излегуваат со кративни начини за справувањето со проблемот.

Протоколот од Кјото од 1997-та бара 40-те индустријализирани нации кои го потпишаа документот да ја ограничат емисијата. И покрај напорите Меѓународната агенција за енергија вели дека емисијата на штетни гасови во 2010-та била на рекордно високо ниво.

Преговарачите не се согласуваат за тоа дали индустријализираните нации треба да поставет поголеми ограничувања на нивната емисија на штетни гасови или повеќе треба да сторат земјите во развој.

Меѓународната агенција за енергија вели дека во 2008-ма петте водечки загадувачи се земјите Кина, САД, Русија, Индија и Јапонија.

XS
SM
MD
LG