Линкови за пристапност

Неговите 20 бестселери раскажуваат приказни за Студената војна, трговија со дрога и распаѓањето на Советскиот сојуз.

Авторот на бестселери, Том Кленси, чии шпионски и армиски трилери ги фасцинираа читателите инспирираа голем број холивудски филмови и видео игри, почина на 66 години.

Американските медиуми известуваат дека Кленси починал во вторник, во болница во Балтимор.

Неговите 20 романи, вклучувајќи го „Во потрага по црвениот октомври“, „Патриотски игри“ и „Јасна и присутна опасност“ раскажуваат детална приказна за светот на шпионите, војниците и политичарите. Неговата следна книга „Командна власт“ е планирана за издавање на 3-ти декември.

Теми кои се повторуваат во книгите на Кленси ги вклучуваат Студената војна, трговија со наркотици и распаѓањето на Советскиот сојуз.

Во бестселерот од 1991 „Збир на сите стравувања“ се работи за можноста нуклеарна направа да падне во раце на терористи.

Кленси бил роден во 1947, како второ дете на поштар од Балтимор, Мериленд. Новелистот со сопругата и четири деца живеел на Заливот Чесипик, во Мериленд.
XS
SM
MD
LG