Линкови за пристапност

Христијаните загрозени на Блискиот исток


Групите за човекови права велат дека нападите против Христијаните се зголемиле по Арапската пролет и предизвикуваат егзодус од регионот.

Минатата година, крвавото задушување на протестот на Муслиманското братство во Каиро прдизвика голема осуда во светот.

Но, помалку внимание предизвикаа нападите на многу египетски цркви во деновите кои уследија.

Во Ирак, Христијаните бројат околу третина од она што беше популација пред инвазијата од САД, и има стравување дека истото ќе се случи во Сирија, каде групи на калуѓерки неодамна беа киднапирани и ослободени.

Конгресот одржа распити за “прогонот на Христијаните“ и со еден од нив претседаваше конгресменот Кристофер Смит.

„Сведоци сме на тешко насилство и други форми на заплашување насочено против верски и политички малцинства, особено Копти и други Христијани, за што нашата влада и медиумите кажаа малку“, кажа тој.

На Националниот молитвен појадок во февруари, претседателот Барак Обама рече: „Ниедно општество не може вистински да успее ако не ги гарантира правата на сите, вклучувајќи ги религиозните малцинства, сеедно дали се Ахмадија Муслимани од Пакистан или Бахаи во Иран или Копти Христијани во Египет“.

„Навистина бевме охрабрени, претседателот имаше силна изјава. Но потоа – немаше ништо“, вели лобистот Џеф Кинг. „Христијаните се прогонувани насекаде во светот и дека претседателот Обама треба да реагира“.

„Тој е многу гласен по прашањето на прогонување на хомосексуалците“, додава тој.

Обама не го покренал прашањето ни на средбата со Кралот Абдула од Саудиска Арабија, каде цркви се забранети, вели Кинг.

Американската надворешна политика ги приоритизира малцинските права, но тоа што се случува со Христијаните треба да има специјален фокус, вели поранешниот пратеник за Блискиот исток, Денис Рос.

Но активистите признаваат дека е тешко да се притиска на ова прашање зашто на Запад Христијаите не се сметаат за малцинство во опасност.
XS
SM
MD
LG