Линкови за пристапност

Првите луѓе на САД и Кина во Калифорнија


Обама и Џинпинг ќе се сретнат во одморалиштето Санилендс во Калифорнија

Обама и Џинпинг ќе се сретнат во одморалиштето Санилендс во Калифорнија

Во неформална атмосфера, Обама и Џинпинг ќе се зафатат со извештаите за кинеските кибернетски напади и кинеското барање за полесен пристап на пазарот во САД.

Денес и утре во Калифорија, американскиот претседател Барак Обама со кинескиот колега Ши Џинпинг во неформална атмосфера ќе разговара за мошне важни прашања од билатералните односи.

Обама ќе биде домаќин во одморалиштето Санилендс во близина на Лос Анџелес. Се очекува на дневниот ред да доминираат американската загриженост поради извештаите за кинеските кибернетски напади врз американски армиски и деловни операции, како и кинеското барање за полесен пристап до американскиот пазар.

Секретарот за одбрана Чак Хагел издаде остро предупредување до Пекинг на неодамнешниот безбедносен форум во Сингапур, велејќи дека хакерските напади претставуваат опасност за секоја земја, па и Кина. Се очекува обете земји да работат на кодекс за кибернетската безбедност.

Претседателот Џинпинг би требало да ја изрази кинеската загриженост за зголемениот американски ангажман во азиско-пацифичкиот регион и да ги нагласи поплаките на одредени кинески компании дека Вашингтон создава препреки за нивно инвестирање во САД.
XS
SM
MD
LG