Линкови за пристапност

Кина лансираше втора вселенска лабораторија во орбитата


Целта е до 2022-ра да постави целосно функционална вселенска станица

Кина ја лансираше својата втора вселенска лабораторија во орбитата во четвртокот, со цел да ја зацврсти својата положба како вселенска сила.

Тјангунг-2 или Небесната палата-2, беа лансирани од пустината Гоби.

Кинеската новинска агенција објави дека планирана е и мисија кон крајот на октомври во која двајца астронаути ќе слетаат на вселенската станица и ќе престојуваат 30 дена.

Првото товарно вселенско летало Кина ќе го испрати во април. Целта е до 2022 година да има целосно функционална вселенска станица.

Тјангунг-2, тежи 8.6 тони ќе го замени Тјангунг-1, кој беше лансиран во 2011-та, и ќе орбитира на оддалеченост од 393 километри над Земјата.

XS
SM
MD
LG