Линкови за пристапност

Невработени кинески војници


Владата од државните претпријатијата бара да вработат отпуштени припадници на армијата

Властите на Кина им наредија на претпријатијата во државна сопственост да им помогнат со вработување на огромниот број војници кои треба да бидат отпуштени како дел од воените реформи кои ги најави претседателот Ши Џинпинг минатиот септември. Тој вети дека ќе ја намали 2,3 милиони силната војска за 300 илјади.

„Раселувањето и вработување на поранешни војници е поврзано со целокупната слика за армиската конструкција , социјалната хармонија и стабилност “ стои во дневниот весник „Народната армија за ослободување“ повикувајќи се на надлежното владино министерство.

Ова може да биде сериозен удар за кинеските претпријатија во државна сопственост, коишто отпуштаат работници во обид да станат поконкурентни во време на опаѓање на бизнисот. Компаниите за нафта, јаглен, струја, железо и цемент од кои повеќето се во државна сопственост, се соочуваат со сериозни загуби изминатите две години со забавувањето на економијата во Кина.

„Очекувам некои од претпријатијата да се спротивстават. Многу од нив не се во позиција да вработуваат нови луѓе“ вели Џефри Кротхал, директор за комуникации на „Кинескиот билтен на трудот“ со седиште во Хонг Конг.

Медиумите поддржани од државата известуваат дека владата веќе има предвидено мерки антиципирајќи отпор.

Дневниот весник „ПЛА“ вели дека претпријатијата во државна сопственост не смеат да ги одбиваат или лимитираат барањата завработување на поранешните војници.

XS
SM
MD
LG