Линкови за пристапност

Кина го отфрли извештајот за човекови права


Пекинг не се согласува со американскиот Стејт департмент за влошувањето на ситуацијатата во Кина.

Пекинг го отфрли годишниот извештај на американскиот Стејт Департмент кој вели дека почитувањето на човековите права во Кина било влошено изминатата година.

Извештајот на Стејт департментот објавен во четврток ја категоризира состојбата со човекови права во Кина како „екстремно лоша“ велејќи дека властите ги засилуваат напорите за задушување на дисидентство и ограничување на слободата на говорот.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хонг Леи во петок го отфрли извештајот велејќи дека е „полн со предрасуди“.

Пекинг секоја година го отфрла извештајот квалификувајќи го како мешање во неговите внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG