Линкови за пристапност

Нови турбуленции во Чикаго


Уапсено е лице во случајот на убиство на 9-годишното момче

Полицијата на Чикаго изјави дека уапсила лице во врска со убиството на 9-годишното момче, наводно поврзано со банда, што предизвика протести во градот.

За време на прес-конференцијата во петокот, началникот на полицијата на Чикаго, Гари МекКарти, изјави дека е уапсен 27-годишниот Кори Морган поради „несфатлива егзекуција“ на Тишан Ли. Тој рече дека Морган е обвинет за убиство од прв степен.

МекКарти вели дека втората личност најверојатно вмешана во овој случај е веќе во притвор за друго дело, и дека трето се бара за поврзаност со, како што рече началникот, „грозоморен криминал“. МекКарти вели дека смртта на Ли е поврзана со банди.

Не е јасно до кој степен осомничените се инволвирани во смртта на Ли.

Полицијата на Чикаго вели дека Ли бил намамен во мала уличка и убиен поради замешаноста на неговото семејство со банда.

Јужниот дел на Чикаго, каде бил застрелан Ли, бележи голем пораст на убиства последниве месеци. Тоа е населба каде банди се борат за превласт за да продаваат дрога.

Во петокот, демонстранти повторно излегоа на улиците на Чикаго поради видеото пуштено во јавност за тоа како се случило убиството на афроамерикански тинејџер од страна на бел полицаец.

Killings by Police-Chicago
Killings by Police-Chicago

На снимката се гледа како полицаецот Џејсон Ван Дајк го застрелува 17-годишниот Лакуан МекДоналд со 16 куршуми, во октомври 2014-та година. Ван Дајк е уапсен и обвинет за убиство од прв степен и доби отказ од работното место.

Полицијата вели дека МекДоналд се однесувал неконтролирано, бил под дејство на дрога и ги одбивал предупредувањата од страна на полицаецот да го фрли ножот што го држел. Адвокатот на Ван Дајк кажа дека полицаецот верувал дека бил во животна опасност.

XS
SM
MD
LG