Линкови за пристапност

Пред триесет години, на 26-ти април 1986-та, во нуклеарната централа во Чернобил се случи најголемата светска нуклеарна несреќа.

Што се случи: Парна експлозија го разнесе покривот на реакторот 4. Парчиња на супер загреан графит се распрснаа и голема количина на радиоактивни честички се ослободија во воздухот. Човекова грешка и несоодветен дизајн на реакторот беа посочени како виновници.

Каде: Нуклеарната централа е лоцирана на околу 130 километри северно од Киев, во Украина, на околу 20 километри јужно од границата со Белорусија.

Загинати: Двајца работници загинаа од експлозијата од не-радиолошки причини, 29 други работници и пожарникар починаа после неколку месеци, како последица на акутно радиоактивно зрачење.

Подоцнежен број на жртви: Оддел на Светската здравствена организација за истражувања на заболување од рак, предвиде дека 9.000 луѓе ќе починат од рак или леукемија како последица од Чернобил. Еколошката група Гринпис изјави дека конечната бројка на жртви од Чернобил ќе достигне 90.000.

Признавање на несреќата: Советските медиуми под контрола на државата, чекаа три дена пред да ја објават несреќата и потоа ја минимизираа нејзината тежина.

„Ликвидатори“: Околу 60.000 цивилни и воени лица од поранешниот Советски сојуз беа испратени да се борат со огнот и да го исчистат најлошиот дел од нуклеарната контаминација.

Небезбедна зона: 4.762 квадратни километри површина околу централата беа обележани како место непогодно за живот. Околината ќе се смета за небезбедна барем уште еден век.

Раселување: Околу 350.000 луѓе од областа се раселени.

Ураниум: Повеќе од двесте тони ураниум останаа на локацијата. Реакторот е покриен со „саркофаг“ што е набрзина изградена заштита од бетон и челик која е блиску до крајот на својот 30-годишен век на траење.

Нова безбедна заштита: Со 2,3 милиони долари вредниот проект финансиран од меѓународната заедница, треба да се изгради долгорочна заштита што треба да го замени саркофагот.

Работници на терен: 7.000 работници работат на затворање на нуклеарниот реактор. Големиот број на работници е со цел секој поединечен работник да е изложен на радијација покусо време.

Нуклеарна моќ на Украина: Четирите реактори во нуклеарната централа се дизајнирани и изградени за време на 1970-тите и 1980-тите. Трите останати реактори на Чернобил повторно беа рестартирани, но на крајот сите беа затворени, а последниот во 1999-та година.

XS
SM
MD
LG