Линкови за пристапност

Неделава американската Демократска партија ја одржува националната конвенција во јужниот град Шарлот, Северна Каролина, за кој не се сите согласни дека е добар избор.

Шарлот, Северна Каролина, дом на 750,000 луѓе, е типичен југ на Америка: акцент, храна, јужњачки шарм.

Шарлот е глобална база за Чикита банани и Наскар трки, и некогаш бил центар на голема златна треска. Во некоја смисла – се` уште е. Тоа е втор по големина финансиски центар во земјата, по Њујорк, контролирајќи над 2 трилиони во имот.

Демократите се обидоа „големите пари“ да ги претстават во негативна светлина во оваа кампања. На пример, одбија корпоративни контрибуции за финансирање на конвенцијата. Но, излезе дека партијата нема доволно готовина, и четирите дена на конвенција станаа три.

На изборите во 2008 Обама тесно победи во Северна Каролина, станувајќи прв демократ што тоа го сторил во 30 години. Оваа сојузна држава е драгоцена со своите 15 електорални гласови.

Тоа е едена од оние држави во кои, ако претседателот победи, Мит Ромни нема шанси да влезе во Белата куќа
Питер Браун, Универзитет Квинипек

„Тоа е едена од оние држави во кои, ако претседателот победи, Мит Ромни нема шанси да влезе во Белата куќа“, вели Питер Браун е од Универзитетот Квинипек.

Последните истражувања покажуваат дека двата кандидати се изедначени дури и во оваа држава, а тоа многумина загрижува. Еден од нив е Двајт Прајс:

„Мислам дека ќе биде многу, многу тешко. На претходните избори младите излегоа во голем број. Луѓе за прв пат излегоа на гласање. Се надевам дека тоа пак ќе се случи, но не сум сигурен“, вели Прајс.

Многу други исто така не се сигурни. Северна Каролина има 9,6 проценти невработеност што е над националниот просек. Демократската гувернерка Беверли Перду е толку непопуларна што не бара повторно да биде избрана, а демократскиот извршен директор на државната Демократска партија си даде оставка по секс скандал.

Но, Шарлот прифаќа 35,000 луѓе кои ќе дојдат за конвенцијата, и демократите се надеваат дека Северна Каролина истото ќе го стори за Обама во ноември.
XS
SM
MD
LG