Линкови за пристапност

Од кого им е смачено на Американците?


Седумдесет проценти од испитаниците кажале дека сакаат да видат помалку од семејството Кардашиан.

Ново истражување на интернет од областа на забавата на американски возрасни лица покажува кои познати личности Американците сакаат помалку да ги гледаат во 2013.

Истражувањето на Харис интерактив спонзорирано од производител на пенкала, Зебра пен корпорејшн, покажува дека 70 проценти од 2,300 испитаници сакаат помалку да ги има гламурозните членови на семејството Кардашиан, по кои веднаш следат 68 ороценти од оние кои сакаат семејството Лохан да излезе од окото на јавноста.

Шеесет и пет проценти кажаа дека виделе доволно од детето-ѕвезда на реалити-шоу познато како Хани Бу-Бу.

Четириесет и седум проценти од возрасните на 18 години и постари сакаат помалку од забавувачот Џастин Бибер, по кого следат Крис Браун и Доналд Трамп кои се изедначени со 44 проценти и екипата на тв-шоуто „Два ипол мажи“ со 35 проценти.
Еден на четворица испитаници преферираат да видат помалку од актерката Кристен Стјуарт, додека 22 проценти кажаа дека виделе доволно од ѕвездата на „Вистинските домаќинки на Њу Џерси“, Тереза Гајдајс. Освен овие, еден на петмина испитаници сакаат помалку да го има поранешниот шеф на ЦИА и армиски генерал Дејвид Петреус во медиумите.
XS
SM
MD
LG