Линкови за пристапност

Големите градови во светот го прославија почетокот на годината со огномет и музика.

Околу еден милион славеници во Њујорк и покрај ниските температури, големото обезбедување и долгите часови на чекање се собраа на Тајмс Сквер да го видат спуштањето на џиновската кристална топка на полноќ.

Со ниту сегашниот ниту градоначалникот што е новоизбран присутни да го притиснат копчето за да почне спиштањето, честа и` припадна на судијката од Врховниот суд, Соња Сотомајор, која е родена во Њујорк.

Градот Нешвил во Тенеси спушти џиновска нота на полноќ, додека градот Винсенс, Индијана спушти 14 лубеници во чест на 2014-та. Од вселената, екипажот на Меѓународната вселенска станица – двајца Американци и еден јапонски член – ги испратија своите поздрави до Тајмс Сквер и останатиот дел на светот со видео преку НАСА.

Во Пасадена, Калифорнија, луѓето славеа на полноќ кампирајќи на улица на трасата на годишниот Роуз Бол, еден од неколкуте пост-сезонски фудбалски игри на ниво на колеџ кои се играат на првиот ден на годината.

На други места, толпи се собраа во големите градови во светот да го прослават почетокот на 2014-та, вклучувајќи ги Москва, Дубаи и Лондон. Лондончаните беа почестени со конфети со вкус на банана што можеа да се јадат додека го гледаа огнометот на плоштадот Трафалгар.

Дубаи креираше до сега најголем огномет, со 400.000 ракети што постави нов светски рекорд. Минатата година рекордер беше Кувајт со 77.000.
XS
SM
MD
LG