Линкови за пристапност

Источна Азија влезе во Новата Година


Огномети на небото над Нов Зеланд во вторник го означија почетокот на 2014-та.

Нов Зеланд беше прва земја што го прослави настапувањето на новата година, време што се гледа како можност за обнова и промена.

Толпи се собраа на јавни места во поголемите градови низ азиско-пацифичкиот регион да ја пречекаат новата година со музика, огномети и веселби.

Во Сиднеј, Австралија, во вторник околу 1,6 милиони луѓе се очекуваа на прославата што за прв пат во една деценија вклучува огномет лансиран од едрата на славната оперска куќа на брегот.

Во Јапонија, некои јадат тестенини и морска храна – заради верувањето дека ќе донесе среќа во 2014 – и се молат во будистичките храмови и свети места.

Прославите се очекува да бидат посмирени на Филипините, каде официјални лица велат дека околу 260 лица биле повредени од огномети и залутани куршуми во деновите кои водеа до Новогодишната ноќ. Расположението исто така е трезвено во области кои се` уште се опоравуваат од Хајен, ноемврискиот тајфун што уби илјадници луѓе.

Големи прослави се планирани во големите градови во светот, вклучувајќи ги Москва, Лондон, и Њујорк, каде околу милион луѓе се очекува да бидат на Тајмс Сквер да го гледаат спуштањето на џиновската топка на полноќ.

Кејп Таун во Јужна Африка, ќе има особено трогателна прослава, со вклучување на посвета на лидерот против апартхејдот Нелсон Мандела, кој почина на 5-ти декември.
XS
SM
MD
LG