Линкови за пристапност

Карсон го поддржа Трамп


„Ги закопавме секирите. Тоа беше само политика“ изјави Карсон.

Поранешниот американски кандидат за претседател од Републиканската партија Бен Карсон, го поддржа фаворитот на партијата Доналд Трамп.

За време на прес-конференција во Флорида, Карсон, поранешен неврохирург, изјави дека разговарал со Трамп и сфатил дека „има многу повеќе согласност и поврзаност отколку што претпоставувал дека можно е да има.“

Трамп го претстави Карсон како „посебна личност“ и „пријател“.

И двајцата изјавија дека меѓусебните критики од време на кампањата се надминати. „Ги закопавме секирите. Тоа беше само политика“ изјави Карсон.

Сега Трамп е поддржан од двајца поранешни предизвикувачи. Гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи го поддржа минатиот месец.

Карсон ја прекина својата кампања на почеток на месецов по низа разочарувачки настапи за време на натпреварот за номинација.

Поддршката од Карсон за Трамп доаѓа во пресрет на примарните избори следниот вторник. Државата е една од главните награди во трката на 2016 година. Кандидатот со мнозинство гласови ќе ги добие сите потребни делегати за републиканска номинација. Анкетите покажуваат дека Трамп води во Флорида на страната на републиканците.

XS
SM
MD
LG