Линкови за пристапност

Во Канада пристигна првата група бегалци од Сирија


Премиерот Трудо им посака добредојде со зборовите дека земјата ги пречекува со отворено срце

Доцна синоќа, со канадски воен авион, во Торонто пристигнаа 163 Сиријци.

Бегалците беа пречекани од премиерот Џастин Трудо, министрите за имиграција, здравство и одбрана, премиерката на Онтарио, Кетлин Вајн и градоначалникот на Торонто, Џон Тори.

Премиерот Трудо изјави: „Ова е прекрасна вечер, имаме можност да му покажеме на светот дека нашите срца се отворени и им посакуваме добредојде на овие луѓе кои сакаат да избегаат од неверојатно тешка ситуација. Ние во Канада не ги делиме луѓето според бојата на кожа, јазикот, религијата или минатото, туку според заедничките вредности, стремежот, надежта и соништата, коишто ги делат и канадските граѓани и луѓето од целиот свет.“

Канада е подготвена да прими 25.000 бегалци до крајот на февруари.

XS
SM
MD
LG