Линкови за пристапност

Британија може да има референдум за ЕУ


Дејвид Камерон сака народот да се изјасни за членството во Европската унија

Британскиот премиер Дејвид Камерон соопшти дека доколку неговата партија победи на следните избори, тој планира започнување нови преговори за условите под кои Британија би останала члкенка во ЕУ, а потоа ќе побара од британскиот народ да гласа по тоа.

Камерон ова го кажа во долго очекуваниот говор во среда, во кој предупреди дека разочарувањето на јавноста со ЕУ е „поголемо од секогаш“. Тој кажа дека новите односи со ЕУ треба да бидат „со единствен пазар во срцето“.

Тој кажа дека британскиот народ ќе треба да одговори едноставно со да или не, за тоа дали треба да ги прифати новите услови или да ја напушти ЕУ.

Соопштението на премиерот вознемири некои британски сојузници. Германскиот Министер за надворешни работи Гуидо Вестервеле во среда изјави дека Германија сака Британија да остане активен и конструктивен дел на ЕУ. Но тој додаде дека Лондон не може да ги избира само аспектите на членството кои и` се допаѓаат.

САД имаат кажано дека сакаат Британија да остане „силен глас“ во рамки а ЕУ.

Следните британски избори се очекуваат во 2015.
XS
SM
MD
LG