Линкови за пристапност

Бостонскиот напад и безбедносните камери


Безбедносните камери меѓу правото на приватност и јавната безбедост
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00

Безбедносните камери меѓу правото на приватност и јавната безбедост

Дебатата за користењето на овие камери трае со години во Британија, каде тие се поставени со најголема густина во светот

Федералното истражно биро објави снимки во боја на осомничените бомбаши во Бостон од набљудувачките камери три дена откако нападите се случија. Видеото покажува две лица како одат со ранци, неколку моменти пред експлозиите. Тие брзо беа идентификувани како Тамерлан Царнаев и неговиот брат Џохар.

Поранешниот специјален агент на ФБИ Питер Џеј Ахем, вели дека набљудувачките камери се едни од примарните средства при истрага:

„Прва работа што правите при некоја криза, е прегледување на снимките. Тим од истражители и аналитичари работи на тоа“.

При последното пребројување во 2007, имало 147 набњудувачки камери оперирани од страна на бостонските градски власти и повеќе од 400 на автобусите и другиот градски превоз.

Некои бараат да има повеќе. Меѓу нив е и поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани, кој го посочи Лондон за пример, опишувајќи ги како виртуелно „холивудско студио“ за набљудување.

Набљудувачките камери од железничките станици беа круцијални во идентификување, за само неколку часа, на терористите кои ја нападнаа лондонската сообраќајна мрежа во јули 2005.

Конзервативниот законодавец Филип Дејвие е силен поборник:

„Тие се апсолутно круцијални за безбедносните служби и за полицијата, не само за идентификување на виновниците по сторениот криминал туку за идентификување на лицата кои се идентификувани дека можат нешто да сторат“.

Проценките варираат од околу 1,8 милиони до четири милиони набљудувачки камери низ Британија. Ник Пиклс е од организацијата „Големиот брат гледа“ која води кампања за повеќе приватност:

„Дебатата треба да биде како да се спречи криминалот. И ако има една работа што Лондон како град ја потврди, тоа е дека камерите прават малку за одвраќање од криминал, прават малку за намалување на нивото на криминал и ако имате голем инцидент како што видовме во Бостон, тие се малку корисни за спречување на напади пред да се случат“.

Жителите на Лондон анкетирани од Гласот на Америка се во голема мерка за останување на камерите.

Бостонските истражители забележаа и дека голема улога во идентификување на осомничените играла и публиката. Специјалниот агент Ричард ДеЛориер е од бостонската дивизија на ФБИ:

„Повеќе од 100 години ФБИ се потпира на јавноста да биде очи и уши на бирото. Со помош на медиумите, веднаш сликите беа ставени во раце на милиони во цел свет“.

Безбедносните служби велат дека претпазливоста на јавноста останува прва линија на одбрана во спречување на напади како оние во Бостон и во Лондон.
XS
SM
MD
LG