Линкови за пристапност

Помалку јадење за подолга младост


Нова студија изработена од истражувачи на Универзитетот Бригам Јанг сугерира дека консумирањето на помала количина храна го намалува стареењето на клетките во телото.

Помал број калории го забавува механизмот во клетките наречени рибозоми, барем кај глувците. Овие клетки се одговорни за продукција на витални протеини, но со помалку калории нивната работа е забавена, давајќи им време да се обноват, велат истражувачите.

Рибозомите користат 10 до 20 проценти од енергијата во клетките за да ги произведат овие протеини.

Професорот по биохемија на Универзитетот Бригам Јанг, Џон Прајс и ко-автор на студијата ги споредува рибозомите со автомобилите.

„Рибозомите се комплексна машина. Како што на вашиот автомобил му треба одржување и замена на деловите кои се оштетуваат најбрзо. Не треба да го фрлите целиот автомобил ако ви требаат само нови гуми,“ вели Прајс.

Истражувачите заклучокот го извеле со набљудување на две групи на глувци. Едната група можела да јаде колку што сака, а другата била изложена на диета со 35 проценти помалку калории.

Иако и претходни студии упатуваа на врската меѓу помалиот број на калории и стареењето, ова е прв пат да се покаже како рибозомите влијаат на стареењето.

Прајс вели дека намалувањето на калориите како стратегија против стареењето не е е` тестирано кај луѓето. Но тој додава дека студијата покажува дека се приближуваме кон механизмите на стареењето, што може да придонесе на поедуцирани одлуки за тоа што јадеме.

XS
SM
MD
LG