Линкови за пристапност

Јужниот дел на Калифорнија во оган


За 12 часа заради шумскиот пожар била уништена површина од преку 6.000 хектари.

Властите во Калифорнија наредија евакуација на преку 82.000 лица по шумскиот пожар што го зафати северниот дел на Сан Бернандино.

Надлежните органи засега немаат информација што е причината за пожарот, но она што е познато е што по 12 часа изгорела површина од преку 6.000 хектари. Заради пламенот и чадот беа затворени и бројни патишта, како и дел од автопатот што го поврзува Лос Анѓелес и Лас Вегас.

Со огнената стихија во моментов се справуваат околу 700 пожарникари, но условите се отежнати заради сувиот воздух и ветерот.

Шумските пожари се честа појава во Калифорнија и други западни сојузни држави за време на летните месеци.

Од неодамнешниот пожар во Лоуер лејк, северозападно од главниот град на Калифорнија, Сакраменто, изгоре површина од околу 1.600 хектари, а беа уништени и 175 домови и бизниси.

XS
SM
MD
LG