Линкови за пристапност

Властите се обидуваат да утврдат зошто лицата отвориле оган на празничен собир и убиле 14, и раниле 17 во Калифорнија.

Вчерашниот напад наводно го извршиле 28-годишниот Саед Фарук и 27-годишната Ташфин Малик. Според полициски извори, двајцата биле или во брак или биле вереници. Фарук работел во локален оддел за здравство и присуствувал на забава во Регионален центар каде се случило пукањето.

Центарот обезбедува услуги за лица со пречки во развојот.

Полицијата го опишува инцидентот како домашен тероризам, а од деталите се знае дека двајцата биле тешко вооружени.

Полицијата го пресретнала автомобилот во кој тие се обидувале да избегаат, во околниот град Редландс и во престрелката двајцата биле убиени. Притоа бил повреден и еден полицаец, но е вон животна опасност.

За време на престрелката е уапсено трето лице кое се обидело да избега, но засега не е познато како се нашол на таа локација.

Претседателот Барак Обама зборуваше во насока на преземање чекори за Американците да бидат безбедни и дека претставници на секое ниво во владата треба да ги здружат напорите на двопартиска основа за да се елиминираат ваквите убиства од секојдневието на Американците.

XS
SM
MD
LG