Линкови за пристапност

Кал Рипкен ја шири популарноста за безболот


Кал Рипкен ја шири популарноста за безболот
Кал Рипкен ја шири популарноста за безболот

Размена на спортскиот дух меѓу САД и Јапонија

Безбол-ѕвездата од Халата на славните Кал Рипкен – Џуниот на мисија за „ширење на добриот глас за безболот“ во време кога САД и Јапонија работат на иницијатива за спортска размена.

Рипкен на новинарите во Вашингтон им рече дека спортот на луѓето им овозможува да се поврзат со различни култури ширум светот.

Легендата од Балтимор Ориолс одигра рекордни 2,632 последователни натпревари – повеќе од било кој играч. Тој зборуваше во Стејт Департмент, заедно со државната секретарка Хилари Клинтон и јапонскиот амбасадор Ичиро Фуџисаки.

Државната секретарка Хилари Клинтон рече дека размената на спортски дух е особено значајна како начин да се покаже поддршка за Јапонија, која се` уште се опоравува од разурнувачкиот земјотрес и цунами кои предизвикаа нуклеарна криза во оваа островска земја.

XS
SM
MD
LG