Линкови за пристапност

Кејн ја суспендира кампањата за претседател


Кејн ја суспендира кампањата за претседател
Кејн ја суспендира кампањата за претседател

Бизнисменот Херман Кејн ја суспендира својата кампања за републиканска номинација за претседател на САД по наводите за сексуално напаствување и вонбрачни афери.

Кејн ова го соопшти на настан во саботата во Атланта, главен град на неговата сојузната држава Џорџија.

Тој рече дека обвиненијата против него се „лажни“ и „недокажани“ и им кажа на поддржувачите дека тие ја повредиле неговата сопруга и семејство и ја пореметиле неговата способност да презентира солуции за американскиот народ. Сопругата на Кејн се појави со него на бината.

Поранешниот директор на компанија за пица се искачи на вртвот на истражувањата на јавно мислење во септември и октомври, но поддршката за него опадна откако неколку жени излегоа со обвиненија за сексуално напаствување. Во најновото обвинение, жена од Џорџија тврдеше дека таа и Кејн имале 13-годишна афера.

И покрај одлуката на Кејн за суспендирање на кампањата, тој кажа дека нема да биде замолчан и дека нема да замине од јавната сцена.

XS
SM
MD
LG