Линкови за пристапност

Буш ја одби поканата на Обама за Граунд зеро


Буш ја одби поканата на Обама за Граунд зеро

Буш ја одби поканата на Обама за Граунд зеро

Портпарол на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш вели дека тој ја одбил поканата да му се приклучи на претседателот Барак Обама во Њујорк, во четврток, за оддавање почит на местото каде стоеше уништениот Светски трговски центар.

Портпаролот кажа дека Буш ја почитува поканата, но избира да остане надвор од фокусот, сега кога неговото претседателствување е завршено.

Обама треба да се сретне со семејствата на некои од жртвите од 11 септември 2001 во нападите на Светскиот трговски центар, само неколку дена откако американски специјални сили извршиле напад во кој го убиле лидерот на ал-Каида, Осама бин Ладен, во Пакистан.

Во нападите на 11 септември, изведени од ал-Каида, убиени се околу 3.000лица во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија.

XS
SM
MD
LG