Линкови за пристапност

Клинтон се сретна со Ан Сан Су Чи


Клинтон се сретна со Ан Сан Су Чи
Клинтон се сретна со Ан Сан Су Чи

Американската државна секретарка Хилари Клинтон се сретна на подолг разговор со демократскиот лидер Ан Сан Су Чи во Рангун во петок, на последниот ден од тридневната историска посета на Бурма.

По средбата во домот на лауреатот на Нобеловата награда за мир, каде таа беше во домашен притвор поголемиот дел од последните две децении, двете се држеа за раце на верандата додека разговараа со новинарите.

Клинтон ја фалеше Ан Сан Су Чи за нејзиното цврсто и јасно лидерство, велејќи дека САД сакаат да ја видат Бурма на место што го заслужува во светот. Таа рече дека лидерката е инспирација.

Ан Сан Су Чи кажа дека е среќна заради начинот на кој САД се ангажираат со Бурма и дека мисли оти тоа ќе го направи процесот на демократизација полесен.

Ниедна од жените не ги спомена строгите санкции кои се во сила спрема владата но секретарката Клинтон во четврток, при посетата на главниот град на Бурма кажа дека секој чекор на владата кон политичка реформа ќе биде внимателно следен.

XS
SM
MD
LG