Линкови за пристапност

Бурманскиот претседател ја поздрави „историската“ посета на Клинтон


Бурманскиот претседател ја поздрави „историската“ посета на Клинтон

Бурманскиот претседател ја поздрави „историската“ посета на Клинтон

Претседателот на Бурма Теин Сеин ја пречека американската Државна секретарка Хилари Клинтон велејќи дека нејзината посета е „историска“ и претставува ново поглавје меѓу двете држави.

Клинтон во четврток, во главниот град Непјидо, се сретна и со министерот за надворешни работи на земјата и други официјални лица. Таа е првиот државен секретар на САД што ја посетил Бурма последниве 50 години.

Клинтон на бурманскиот претседател му кажала дека патувањето го направила зашто таа и претседателот Барак Обама се охрабрени од чекорите на бурманската влада за помагање на својот народ.

Клинтон во четврток исто така ќе отпатува до главниот комерцијален град Рангун за разговори со про-демократскиот лидер Ен Сан Су Чи.

XS
SM
MD
LG