Линкови за пристапност

Клинтон на историска посета на Бурма


Клинтон на историска посета на Бурма

Клинтон на историска посета на Бурма

Американската државна секретарка Хилари Клинтон неделава ќе ја посети Бурма што ќе е прва посета од американски државен секретар за повеќе од 50 години.

Клинтон патува во понеделник за Азија, а прва станица ќе биде во Јужна Кореја пред да замине за Бурма. Нејзината посета на изолираната држава ќе започне во среда.

Американскиот претседател Барак Обама порано месецов соопшти дека ја испраќа Клинтон како одговор на „знаци на напредок“ од бурманската влада, која заврши децении на армиско владеење во март кога воведе цивилен парламент.

Близок соработник на бурманскиот претседател за Гласот на Америка неодамна изјави дека новиот развој во дипломатските односи може да доведат до крај на американските санкции спрема Бурма.

Обама кажа дека секретарката Клинтон ќе испита што можат САД да сторат за поддршка на напредокот на политичката реформа, човековите права и националното помирување.

XS
SM
MD
LG