Линкови за пристапност

Бугајски: Македонија ја чека долго жешко лето


Janusz Bugajski
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:01:34 0:00

Експертот за Балканот за Гласот на Америка на македонски говори за политичката криза во земјата

Јануш Бугајски, виш научен соработник во Центарот за анализа на европската политика во Вашингтон, не посочува на една страна како на виновник за сегашната политичка криза во Македонија. Во однос на закажаните избори, тој кажа дека „се добра идеја, но можноста тие да бидат одложени, е од особена загриженост“.

„Не станува збор само за Владата, туку и опозицијата не постапи најодговорно, како што би требало да постапи во такви услови. Во очите на ЕУ, ова е натамошно демократско уназадување на Македонија и иднината во моментов е мошне неизвесна“, изјави Бугајски.

Според него, Договорот од Пржино не е целосно мртов, но ако не е комплетно имплементиран, почнува да „мириса“ чудно, кажа овој експерт. Како што стојат сега работите, Македонија ја чека долго, жешко лето, додаде тој.

За одлуката на претседателот Иванов за помилување на политичари против кои се води постапка, Бугајски кажа:

„Не мислам дека тоа е добра идеја. Луѓето треба да преземат одговорност за делата во коишто биле вклучени. Оттука се поставува прашањето - дали власта нешто крие? Дали се обидува да ја избегне одговорноста за незаконски постапки?“

Овој експерт воедно посочи дека можноста за санкции од ЕУ спрема поединци, е реална.

„Се водат дискусии за тоа. Македонија не е членка на Унијата, треба да изоди долг пат да се квалификува за членство, процес што исто така ќе се уназади како резултат на овие случувања, така што единствените коишто ќе „си ги тријат рацете“, ќе бидат одредени грчки политичари кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ со нејзиното уставно име“.

XS
SM
MD
LG