Линкови за пристапност

Можно е ново скратување на буџетот на Пентагон


Можно е ново скратување на буџетот на Пентагон

Можно е ново скратување на буџетот на Пентагон

Конгресот ги предупредува армиските лидери на САД дека може да очекуваат натамошни големи намалувања на армиските трошоци во наредните години, додека Вашингтон се справува со рекордно ниво на владин долг.

Претседателот на сенатската комисија за буџет Кент Конрад во вторник кажа дека Пентагон најверојатно ќе треба да оди преку неодамна предложените 487 милијарди долари скратувања во трошоците за одбраната во текот на следната деценија.

Секретарот за одбрана Лион Панета на Конрад му кажа дека секое натамошно намалување ќе има влијание на способноста на американската армија да одговори на идни закани.

Администрацијата на Обама бара 525 милијарди долари за буџетот на одбраната за 2013. Тоа е шест милијарди долари помалку отколку барањето за актуелната фискална година, која завршува на 30 септември.

Сепак, дополнителни автоматски намалувања, во тотален износ од над 500 милијарди долари може да се на хоризонтот доколку Конгресот се согласи на дополнителни скратувања.

XS
SM
MD
LG