Линкови за пристапност

Метеоролозите велат дека тропската бура позната како Бад прерасналa во ураган на Пацификот близу Мексико.

Националниот центар за урагани во Мајами вели дека невремето носи ветрови од 120 километри на час, правејќи го невреме од категорија еден на скалата со која се мери неговата уништувачката моќ. Метеоролозите очекуваат центарот на ураганот Бад да се истури на земја до доцна во петок, и да предизвика опасни услови на крајбрежјето.

Мексико Сити објави дека невремето се следи по должина на брегот на Пацификот, од Пунта Сан Телмо до Ла Фортуна.

XS
SM
MD
LG