Линкови за пристапност

Брисел и натаму „под опсада“


Властите продолжуваат со интензивната потрага по осомничениот за нападите на Париз.

Училиштата и метрото во Брисел, Белгија, во четвртокот беа затворени од безбедносни причини, додека властите се обидуваа да го најдат клучниот осомничен за нападите на Париз од 13-ти ноември.

Белгискиот премиер Чарлс Мишел во понеделникот изјави дека поради сериозни закани, главниот град ќе биде на највисокиот степен на претпазливост, најверојатно до следната недела.

Во меѓувреме, мароканските власти велат дека Белгија побарала од нив блиска и интензивна соработка за следење на осомничениот Салах Абдеслам, кој успеал да пребегне во Белгија само неколку часа после нападите во кои животите ги загубија 130 лица.

Информацијата добиена од Мароко минатата недела ѝ помогна на француската полиција да влезе во трага на другиот осомничен, наводниот осмислувач, Абделхамид Абауд, кој беше убиен во стан во северниот дел на Париз за време на полициска рација на 18-ти ноември.

Полицијата во јужното париско предградие Монтруж во понеделникот го испита самоубиствениот ремен со експлозив, пронајден во канта за отпадоци. Асошиејтед прес вели дека француската полиција нашла остатоци на ременот од ТАТП (триацетон трипероксид) експлозив кој бил користен во нападите на Париз. Ременот бил пронајден во истата област каде е најден и мобилниот телефон на осомничениот во бегство Абдеслам, кој бил виден во таа област вечерта кога се случил нападот.

Доцна во понеделникот Стејт департментот издаде предупредување до сите Американци што патуваат, дека екстремисти на Исламската држава продолжуваат со планирање на напади во различни региони.

Известувачите ги наведоа нападите во Данска, Франција, Мали, Нигерија и Турција и нагласија „посебна претпазливост“ за време на претстојните празници.

Белгиските обвинители објавија притворање на 16 осомничени кои биле уапсени за време на полициска рација во и во близина на Брисел, во неделата. Уште пет други осомничени се приведени во понеделникот.

Германската полиција за Гласот на Америка изјави дека безбедноста на германската граница е затегната.

Американскиот Стејт департмент изјави дека „не може да ги потврди“ извештаите дека екстремистите на Исламската држава планираат напади во Франција, САД или на друга локација.

Извештајот од страна на САД дојде како одговор на изјавата на онлајн активистичката група – Анонимус, кои изјавија дека откриле информации за заканувачки дејствија во кои се вклучени локации во Италија и Либан. Групата изјави дека ги препратила информациите до американските и британските разузнавачки служби.

Од Стејт департментот ги негираа коментарите за тоа дека е зголемена безбедноста во сите американски преставништва низ светот, но, изјавија дека „има високо обезбедување на сите настани кои во моментов се случуваат“.

XS
SM
MD
LG