Линкови за пристапност

Брисел: Одлуката на судот во Хаг – поттик за постигнување компромис

  • Борјан Јовановски

Брисел: Одлуката на судот во Хаг – поттик за постигнување компромис

Брисел: Одлуката на судот во Хаг – поттик за постигнување компромис

Одлуката на судот во Хаг во Брисел засега не предизвикува поголемо внимание и нема најави за евентуално преиспитување на одуките на НАТО и на ЕУ во врска со интеграцијата на Македонија во евроатлантските институции.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен соопшти дека НАТО останува доследен на одлуката од Букурешт во 2008-ма, и дека поканата ќе се активира кога ќе биде најдено решение за името.

Реакција имаше и од Европската комисија. „Европската комисија нема надлежности да ја коментира одлуката на Меѓународниот суд во Хаг. Ние ги повикуваме двете страни да ги продолжат разговорите под закрилата на ООН со цел да се дојде до заеднички прифатливо решение за спорот за името. Тоа е во интерес на двете држави, регионот и ЕУ“, изјави Петер Стано, портпаролот на комесарот за проширување Штефан Филе.

Од своја страна, известувачот за Македонија во Европскиот парлемент Ричард Ховит повика одлуката во Хаг да го забрза процесот на изнаоѓање на компромисно решение.

Попладнево во Брисел Советот на минстрите на ЕУ разговара за проширувањето. Според најавите не се очекува Советот на ЕУ по пресудата на Хаг да ја промени одлуката во однос на препораката на Европската комисија за старт на преговри. И овој пат се очекува Советот да ги повика Грција и Македонија да дојдат до решение кое ќе овозможи старт на преговори.

XS
SM
MD
LG