Линкови за пристапност

Европските лидери реагираат на британскиот избор за излез од ЕУ


Британскиот народ во петок изгласа со тесно мнозинство одвојување од Европската унија , потег за кој некои сметаат дека е голема грешка

Ние ја примаме одлуката на британскиот народ со жалење“, кажа германската канцеларка Ангела Меркел. „Без сомнение ова е удар за Европа и за европскиот процес на унификација“.

Меркел додаде дека ќе биде домаќин на разговори со лидерите на Франција и Италија, и со со претседателот на Европскиот совер Доналд Туск, во Берлин, во понеделник.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск кажа дека Британија направила грешка со напуштањето на ЕУ, која е најголем поединечен пазар во светот. „Тоа ќе има последици“, рече тој, „И јас не верувам дека други држави ќе бидат охрабрени да го следат тој опасен пат“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кажа дека знае оти Британија „ќе остане силна и посветен сојузник на НАТО, и ќе продолжи да биде во водечка улога“ во во алијансата, за која во изјавата додаде дека „останува определена за тесна соработка со Европската унија“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд кажа дека длабоко жали за одлуката на Британија“ и за Европа, но дека изборот е нивни и ние мора да го почитуваме“.

Во порака постирана на неговата официјална страница на Твитер, германскиот вицеканцелар Сигмар Габриел го опиша гласањето како „лош ден за Европа“.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајролт слично на тоа, на Твитер изрази несогласување со гласањето, велејќи дека тоа бил „тажен ден за Велика Британија“.

Повеќе од 70 проценти од регистрираните гласачи учествувале на референдумот кој поминал со маргина од речиси четири проценти.

Доналд Трамп, претпоставениот републикански кандидат за номинација за американски претседател, ја фалеше одлуката за напуштање на ЕУ, нарекувајќи го гласањето „враќање на контролата врз нивната сопствена политика, граници и економија“.

XS
SM
MD
LG