Линкови за пристапност

Брегзит и последиците по руската економија


Рускиот пазар и рубљата, се соочија со првичниот удар по излегувањето на Велика Британија од ЕУ

Додека Велика Британија и Европа се борат да се помират со гласањето за напуштање на Европската унија, финансиските пазари вријат, вклучувајќи ја и Русија.

Дури пред гласањето за Брегзит, првиот човек на руската најголема банка Сбербанка, предупреди дека економското заздравување на државата ќе биде под ризик, и акциите ќе паднат за десет проценти.

Рускиот пазар и рубљата, се соочија со првичниот удар како резултат на инвеститорската несигурност, која се одрази со пад на центата на нафтата.

Сепак, пазарното заздравување и гаранциите од руските официјални лица, ги доведоа повеќето аналитичари до заклучок дека економијата има позитивен изглед, барем на краток рок. Сепак, на долги патеки, позитивниот исход е помалку извесен.

Санкциите кон Западот, кои и` беа наметнати на Русија во 2014-та, за агресијата во Украина, ги скрати меѓународните заеми за финасиските институции. Тоа, заедно со паѓање на цената на нафтата, ја турнаа Русија во рецесија.

Критичарите, како Владимир Милов, поранешен заменик -министер за енергетика, кој, сега, ја предводи политичката партија Демократски избор, вели дека потенцијалниот економски ефект на Брегзит врз руската економија, може да биде сериозен.

"Русија е се` уште доста зависна од странска задолженост", изјави за Гласот на Америка, и додаде:

„И ние сме, исто така сме многу зависни од приливот на инвестиции. Многу зависиме од увоз на потрошувачите. Значи, во основа, луѓето кои тврдат дека Русија стана на некој начин одвоена, и заштитена од западните економии, тие јасно го преувеличуваат ова прашање, бидејќи зависноста се` уште е прилично висока. И, ако се случи нов бран на економски шокови, предизвикани од "Реалниот Брегзит", може да дојде до многу проблеми“.

Некои официјални лица и финансиски аналитичари велат дека нестабилноста на Европа ќе ги охрабри инвестициите на рускиот пазар, како побезбедна алтернатива.

Милов не се согласува и забележува дека глобалната економска турболенција обично води инвеститорите да го осигураат капиталот во американскиот Оддел за финансии, подалеку од пазарите во развој.

Искусниот економист од руската најголема банка Сбербанка Антон Строутченевски, смета дека руската економија може негативно да биде погодена од Брегзит ако се намали цената на нафтата, која е руски најголем извоз, и извор на половина од владиниот буџет.

„Очигледно, паѓањето на цената на нафтата ќе значи девалвација на рубљата, зголемен буџетски дефицит и пораст на инфлацијата“, рече тој.

XS
SM
MD
LG