Линкови за пристапност

Судир меѓу Обама и гувернерката на Аризона во врска со мемоар


Судир меѓу Обама и гувернерката на Аризона во врска со мемоар

Судир меѓу Обама и гувернерката на Аризона во врска со мемоар

Интернет бруи во врска со фотографиите на интензивната дискусија меѓу американскиот претседател Барак Обама и гувернерката на Аризона Џен Бруер.

Двајцата размениле зборови, далеку од ушите на другите, кога гувернерката го пречекала претседателот во средата на аеродромот во Феникс за време на застанувањето на тридневната турнеја низ САД. Бруер е видена на снимката како мавта со прст пред лицето на претседателот.

Подоцна, гувернерката Бруер на новинарите им кажа дека Обама бил „малку вознемирен“ за начинот на кој таа ја опишала средбата со него во нејзината книга Scorpions for Breakfast. Таму, гувернерката кажа дека Обама се однесувал „вообразено“ кога таа разговарала за имиграцијата со него во Белата куќа во 2010. Таа средба дошла откако Бруер го потпишала имиграциониот закон на Аризона на кој администрацијата на Обама се спротивставила и подоцна поднела барање да се поништи.

Претставник на Белата куќа во среда кажа дека размената во средата дошла откако Бруер со писмо побарала средба. Обама одговорил дека би бил среќен да се сретне со неа, но забележал дека таа „искривено ја опишала“ нивната средба во 2010. Официјалното лице кажа дека дискусијата во Белата куќа била „срдечна“.

XS
SM
MD
LG