Линкови за пристапност

Џон Бренан на распит


Ги брани нападите со беспилотни летала: Џон Бренан
Ги брани нападите со беспилотни летала: Џон Бренан

Употребата на беспилотни летала за напади врз терористички цели и тајните бази - во центарот на сведочењето на кандидатот за нов директор на ЦИА.

Одлуката на претседателот Барак Обама да го кандидира Џон Бренан за прв човек на ЦИА доведе до тоа таинствената употреба на беспилотни летала за напади врз терористички цели да заземе централно место на распитот за негово потврдување на функцијата.

Бренан, кој е голем поддржувач на нападите со беспилотни летала, бездруго го очекуваат тешки прашања на сведочењето во Сенатот. Неговата кандидатура го привлече вниманието и по прашањето за некогашната тајна база за вакви летала во Саудиска Арабија, каде Бренан служел како шеф на инсталација на ЦИА.

Бренан имал клучна улога во преговорите со властите во Ријад за основање на базата во Саудиска Арабија. Базата се користела во гонењето на терористи на Ал-Каида од соседен Јемен.

Критичарите наведуваат дека нападите со беспилотни летала се неетички и дека понекогаш резултираат во цивилни жртви. Пакистан жестоко ги критикува САД поради нападите.

Бренан, пак, ја брани употребата на беспилотни летала како легална, етички оправдана и мошне ефикасна.

Претседателот Обама вели дека досегашниот контратерористички ангажман на Бренан и` отежнал на Ал Каида да планира напади против САД.
XS
SM
MD
LG