Линкови за пристапност

Џоли и Пит се разведуваат


Како што објави забавниот портал ТМЗ, Џоли официјално побарала развод од Пит, како причина наведувајќи „непремостливи разлики“

Анџелина Џоли и Бред Пит, еден од најпознатите холивудски парови, се разведуваат.

Како што објави забавниот портал ТМЗ, Џоли официјално побарала развод од Пит, како причина наведувајќи „непремостливи разлики“.

Порталот пишува дека Џоли бара старателство на шесте деца, со право Пит да ги посетува, а не заедничко старателство. Џоли, наводно, немала да бара финансиска поддршка од Пит.

Разидувањето наводно дошло околу тоа како Пит ги израснувал нивните деца.

Според истиот портал, тие официјално се разделиле на 15-ти септември.

Џоли и Пит стапија во брак во август 2014-та, а заедно се од 2004-та. Имаат шест деца, од кои три се посвоени.

Нивната хуманитарна фондација Џоли-Пит, има донирано во многу меѓународни проекти, вклучувајќи ги организациите „Лекари без граници“ и „Глобална акција за деца“.

XS
SM
MD
LG