Линкови за пристапност

Бразил во жалост по катастрофалниот пожар


Во ноќен клуб во градот Санта Марија загинаа 232 лица, од кои повеќето студенти.

Бразилците се во жалост по загинувањето на 232 лица рано во неделата во пожар во ноќен клуб на југ на државата. Повеќе од 100 лица биле повредени во несреќата.

Бразилски официјални лица велат дека клубот бил полн со универзитетски студенти од градот Санта Марија кога избувнал пожарот. Преживеаните велат дека член на бендот иницирал некој вид на пиротехнички ефект што испратил искра до таваницата, по што целата зграда била опфатена во оган за само неколку минути.

Многу од жртвите биле задушени или прегазени од присутните кои во паника се туркале кон излезот, за кој преживеаните велат дека бил единствениот незаклучен.

Додека државата е во жалост, Бразил го откажа настанот закажан за понеделник во главниот град Бразилија, за одбележување на почетокот на одбројувањето на 500 денови до Светскиот куп 2014-та, на кој државата ќе биде домаќин.

Трагедијата доаѓа во време кога Бразил се обидува да му покаже на светот дека е подготвен да биде домаќин на Светскиот куп следната година и на Олимпијадата во 2016-та.
XS
SM
MD
LG